1,4K
Сок од портокал и лимон
1 замрзнат портокал
1 свеж портокал
1-2 лимони
500 гр шеќер
1 кесичка сок од лимон
2,5 литри вода
Портокалот и лимонот прво натопете ги десет минути во вода во која сте додале сода бикарбона, а потоа исплакнете ги со млаз вода.
Замрзнатите портокали изрендајте ги на ренде , исто така изрендајте ја кората од лимон и ставете ги во сад. Потоа добро исцедете ги незамрзнатите портокали и лимони и ставете ги во садот.
Додадете вода, шеќер и сок од лимон и оставете покриено неколку часа (по можност преку ноќ). Повремено мешајте да се стопи шеќерот.
Следниот ден преработете го сокот најпрво низ цедалка, а потоа низ газа. Истурете го сокот во измиени и стерилизирани шишиња, добро затворете ги и оставете ги во фрижидер.