Овој рецепт е совршен за сите оние кои живеат брзо и не сакаат да се откажат од домашната пица.Ќе се согласите дека нема некој што не сака пица. Вкусна, мека и топла, таа често е на семејните трпези. Кога немате ништо подготвено за вечера, овој рецепт е вистинското решение. А вкусот го дава пред сè вистинското тесто, а дури потоа додатоците.
Најдобриот рецепт за пица! Откако ќе го пробате, секогаш ќе го правите
250 мл јогурт (што е можно погуст),
250 мл меко брашно (приближно 160 до 180 грама, зависи од брашното),
1 јајце,средна големина
1 лажичка прашок за пециво (рамна лажичка),
1/2 лажичка сол,
1 лажица маслиново масло (за тестото) и малку за премачкување на плехот;
Подготовка:
Вклучете ја рерната и загрејте ја на 220 степени. Ставете го плехот во рерна за да се загрее.
Истурете јогурт во голем сад, додадете јајце и маслиново масло. Изматете ги кратко со вилушка или жица за да се соединат.
Во истиот сад додадете брашно, прашок за пециво и сол.
Мешајте ги сите состојки со лажица додека не се соединат. Не месете предолго, доволно е само да нема суво брашно.