Направи хаос, па исчезна: Каде се крие Меган Маркл?

од Nikola Popovski

Откако конечно беа објавени мемоарите на принцот Хари „The Reserve“ во кои тој изнесе бројни скандалозни тврдења за кралското семејство, една работа им падна во око на милиони Британци – каде е Меган Маркл?

Според „Дејли Мејл“, принцот Хари и Меган практично не се разделуваат со години, освен во ретки прилики. Така, Меган застана покрај својот сопруг за време на доделување награди, состаноци во Виндзор, јавни настани…

Сепак, по објавувањето на мемоарите и неколкуте интервјуа кои Хари ги даде за американските медиуми, забележливо е дека Меган не била со него.

Фактот што Хари седеше до неа во речиси секоја емисија, па дури и во нивниот документарец додека таа ја откриваше „својата вистина“, дополнително ги разбесни Британците.

Зошто сега ја нема кога тој го открива своето, прашуваат британските медиуми.

Парот не се изјасни по ова прашање, а Хари во последно време сам се појавува на сите медиуми. Тој ја спомна својата сопруга во контекст дека е жртва на кралското семејство, по што побара извинување од нив.

Неговиот брат, принцот Вилијам, одби да ги коментира наводите дека имало физичка пресметка меѓу двајцата, како и другите тврдења на Хари во книгата.

Тоа го направија и останатите членови на кралското семејство, а едно прашање што сега ги интригира сите е дали Хари и Меган ќе се појават на крунисувањето на кралот Чарлс Трети.

Слични содржини