Направил штета од 100.000 долари на куќата на Вергара, па во полиција тврдел дека е нејзин син

од Vladimir Zorba

Прославената колумбиско-американска актерка Софија Вергара (48) и нејзиниот сопруг Џо Манганиело беа сведоци на прилично необичен инцидент со вандали.

Нивниот луксузен дом во Лос Анџелес бил оштетен од човек, кој подоцна се претставил во полицијата како син на Софија.

Полицијата сè уште не го објавила идентитетот на вандалот кога го фатила кратко откако тој предизвикал штета на фасадата на актерската двојка, која се проценува на 100.000 долари, пренесува американски „ТМЗ“.

Тој не се спротивставил на апсењето и се обидел да се оправда пред органите на прогонот, тврдејќи дека тој е син на Софија, кој сака некако да стапи во контакт со неговата мајка. Овој бизарен случај е надополнет со натписи создадени на луксузната вила, во која нејзиниот „несуден син“ ги исфарба и ги обои линковите на неговите профили на социјалните мрежи, за Вергара да може да го контактира.

Човекот бил приведен, но во овој момент не е целосно јасно за што ќе го обвинат. Вергара и Манганиело не беа дома за време на овој инцидент, а нивниот луксузен дом се реновира во летните месеци, па вандалот ја искористи можноста непречено да пишува графити.

Софија од првиот брак го има синот Маноло (29).

Слични содржини