Наредба од Путин: По 10.000 рубљи за секој бегалец од Доњецк и Луганск

од Nikola Popovski

Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, вечерва изјави дека Владимир Путин си презел обврска да исплати по 10.000 рубљи на секој бегалец што ќе пристигне во Русија од Донбас или Луганск.

Ова се однесува на цивилите од истокот на Украина, кои масовно пристигнуваат во градовите и прифатните центри низ регионот на Ростов.

Ангажирана е и руската национална гарда да им помага на цивилите од Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република.

Да потсетиме, лидерот на ДНР и ЛНР донесе одлука сите цивили, пред се жени, деца, стари лица и оние чие присуство е непотребно, да се евакуираат во Русија, а останатите да земат оружје бидејќи се очекува напад од Украина.

Од друга страна, Западот, а пред се државниот секретар Ентони Блинкен, акцијата за евакуација на цивили ја нарече лажна операција на Москва и оправдување за инвазијата на Украина.

Слични содржини