Наредена евакуација на неколку села поради пожари северозападно од Атина

од Stefanija Kuzmanovska
371 прегледи

Стотици грчки и полски пожарникари сѐ уште се борат, четврти ден по ред, со пожар што зафати борова шума северозападно од Атина, а издадена е наредба за евакуација на неколку села во таа област.

Пожарот кај селото Вилија, на околу 60 километри од Атина, веќе изгоре илјадници хектари борова шума, а напорите во гаснењето на пожарот може дополнително да се комплицираат со силниот ветер што беше најавен за денеска.

Противпожарната служба објави дека 427 пожарникари, од кои 143 од Полска, заедно со 149 возила се борат со пожарот.

Стотици пожари избија овој месец низ цела Грција, која беше погодена од најдолгиот и најтешкиот топлотен бран регистриран во последните децении.

Слични содржини