Наредена итна евакуација на населби во близина на Рим, се заканува опасност

од Stefanija Kuzmanovska

Жителите од помалите населби, на околу 40 километри источно од Рим, денеска беа евакуирани поради пожар.

Пожарот избувна во моментот кога главниот град на Италија се соочува со температура од околу 37 степени Целзиусови.

На делови од јужна Италија им се закануваа пожари во последните недели, а пожарот гореше во шумите на Калабрија, како и на островите Сицилија и Сардинија.

Во средата, температурата на југоисток на Сицилија достигна речиси 49 Целзиусови степени, што е највисоката температура некогаш забележана во Европа, пренесува „Ројтерс“.

Пожарот сега се движи кон север и во текот на ноќта 25 семејства беа евакуирани од своите домови, бидејќи пожарите се проширија низ природниот резерват Монте Катиљо, во близина на римското предградие Тиволи, а 30 жители на сиропиталиштето исто така беа евакуирани како мерка на претпазливост поради пожар, потврдија од противпожарната служба.

Наводно, шумските пожари избувнале во текот на ноќта во близина на градот Отранто, во југоисточна Италија, каде што поради чад беше евакуирано блиското приморско одморалиште, а крајбрежниот пат јужно од Отранто бил затворен за сообраќај.

Вчера, премиерот Марио Драги вети финансиска помош за заедниците погодени од пожарите, и акционен план за обновување на уништените шумски површини, како и напори за зголемување на способноста на Италија да одговори на природните катастрофи кои најмногу ги загрозуваат руралните области.

Слични содржини