„Народен пратеник“ на сцената на Народно позориште, Сараево

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Во преполниот салон на Народно позориште, Сараево вчеравечер, на 11 април, беше изведена претставата „Народен пратеник” од Бранислав Нушиќ – урнебесна комедија и едно од најзначајните дела на овој автор. Во адаптација и режија на Егон Савин, претставата ја освои публиката која со долги аплаузи и овации ја награди извонредната актерска екипа.

На сцената блеснаа: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов, Тања Кочовска и Александар Михајловски (снимен глас), додека во улогата на народот/статисти настапија: Дејан Стамчевски, Синан Ракип, Скендер Бериша, Зекирија Алим, Мирослав Атанасовски, Мартин Китановски и Хусеин Халил.

Претставата остави силен впечаток со својот хумор, ангажираност и актуелност, уште еднаш потсетувајќи зошто Нушиќ останува вечен класик.

Слични содржини