Народен правобранител: Мирното изразување на протест на учениците е уставно гарантирано право

од desk3
89 прегледи

Народниот правобранител денеска преку соопштение апелираше учениците да не се попречуваат во правото на мирно изразување на незадоволство, односно правото на слободно мислење и слободно изразување .

memeti
“Мирното изразување на протест е уставно гарантирано право, поради што упатува преку непосреден дијалог да се слушне размислувањето на учениците за реформите во образованието, затоа што тие директно се засегнати од промените во воспитно-образованиот процес, што пак влијае на нивниот развој и изградба на нивната личност, се вели во соопштението.

Само по пат на комуникација и разговор за проблемите, како што се наведува, може да се очекуваат конструктивни и издржани промени, со кои ќе се постигне квалитетно образование, а со посветувањето на потребното внимание за ставовите на младите ќе се потврди дека се почитуваат како субјекти и му се дава важност на нивното учество при носењето одлуки кои ги засегаат директно децата и младите.”