Место кеш, граѓаните се повеќе користат платежни картички и електронско банкарство, покажуваат податоците на Народна банка. Во третиот квартал од минатата година бројот на трансакции со картички пораснал за над 10 проценти, а вредноста на трансакциите за повеќе 13.
Трансакциите со картички, издадени од домашните даватели на платежните услуги, пораснале за 10,2% по број и за 13,6% по вредност. Овој раст најмногу се должи на високиот годишен раст на бројот на плаќањата во е-трговијата во земјата, кој изнесува 29,2%, како и растот од 8,8% на плаќањата преку терминалските уред ПОС.
Покрај тоа, забележан е и годишен раст во бројот на плаќањата на граѓаните со платни налози. Бројот на платежните трансакции се зголемил за 9,9%, а вредноста на остварените трансакции пораснала за 22,2%. Ова укажува на натамошно зголемување на употребата на дигиталните канали за иницирање на овие плаќања.
Бројот на плаќања во е-трговијата изнесува речиси 30 проценти. Употребата на апликации за мобилно плаќање, пак, покажува годишен раст од 50 проценти во однос на 2023-та. Во рамките на овие податоци, се истакнува податокот дека граѓаните извршиле 65% од вкупниот број електронски иницирани платни налози преку мобилните платежни апликации, што покажува дека мобилните апликации за плаќање стануваат сѐ попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за иницирање на платежните трансакции..
„Мобилните апликации за плаќање стануваат се’ попопуларни, бидејќи нудат побрзи и поедноставни решенија за платежни трансакции“, објаснуваат од Народна банка.