Народна банка: Парите на граѓаните на сметките во банките се безбедни и достапни во секој момент

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент, соопшти попладнево Народната банка по информациите дека недостапни се услугите со платежните картички Виза и Мастеркард.

– Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација,  Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките, се наведува во соопштението.

Од централната банка информираат дека континуирано се следи ситуацијата и дека се во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки за побрзо надминување на пречките за непречено функционирање на сервисите.

Претходно, Македонската банкарска асоцијација информираше дека дел од услугите поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите се достапни во сите експозитури и филијали на банките.

Слични содржини