Народниот правобранител изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан во болницата во Тетово, каде се лекуваа болни од Ковид-19, а во кој има и повредени пациенти и здравствени работници.
„ Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа дражавата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски.Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот, никого не можат да го остават рамнодушен. Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број на семејства. Во оваа прилика, народниот правобранител изразува сочуство до семејствата на трагично загинатите лица, а воедно изразува надеж за брзо опоравување и оздравување на повредените во овој настан“ , се вели во изјавата на сочувство на Нардониот.