Во рамки на вториот Меѓународен театарски фестивал „МНТ фест“, вечер на сцената на МНТ ќе гостува Народно позориште од Белград со претставата „Бело кафе“ од Александар Поповиќ во режија на Милан Нешковиќ.

 Images-Gallery-57-ce-19

МНТ соопшти дека „Бело кафе“ може да се нарече „драма на умешноста на преживувањето“ зашто главна доблест на ликовите е страствената виталност која им овозможува да ги преживеат сите општествени процеси, промени, кризи и расколи.

– Тие имаат потреба да го објаснат не само она што го чувствуваат како интимно прашање или дилема, туку и сè она што се случува, сè она што некогаш се случувало, или она што ќе се случува во иднина. Јунаците на Поповиќ се создадени од противречност, тие се сакаат и се мразат, уживаат и се презираат, бегаат едни од други за да се навредуваат, тие се верници и неверници, сигурни и несигурни, тие се составени од доблести и недостатоци на обичните луѓе…, посочува МНТ во известувањето за гостувањето на театарот од Белград. Улогите во претставата ги играат: Бранко Видаковиќ, Олга Одановиќ, Павле Јериниќ, Вања Ејдус, Ненад Стојменовиќ, Нада Шаргин, Предраг Ејдус и Небојша Бабиќ.

„Бело кафе“ е 14-та претстава на режисерот Нешковиќ (Ваљево, 1985) чии досегашни режии освоиле над 30 награди на разни фестивали.

Во рамки на „МНТ фест“, Македонскиот народен театар денеска напладне во фоајето организира и разговор со музичарот Горан Трајковски, на тема „Музиката во театарската претстава“

Слични содржини