Народно позориште од Белград во Скопје

од desk3
96 прегледи

Во Скопје тече фестивалот “МНT фест”. Фестивалот ќе се одржува до 13 јуни под мотото „Создаваме на светов убавина“. Вечерва 8 јуни  на репертоарот е Народниот театарот „Иван Вазов“ со „Дон Жуан“. На 13 јуни гостува Народно позориште од Белград со „Иванов“ во главна улога со нашиот актер Никола Ристановски.

В недела ќе има МНТ фест за деца, кога ќе се изведат претставите за деца „Силјан штркот шанца“ и „Авантурите на Аладин“ и документарниот филм „Право кон ѕвездите“. Идејата, како што информира МНТ, е во иднина да има интернационална детска програма.

Во рамки на фестивалотима две работилници. Првата е ликовна колонија каде десетина млади сликари ќе работат портрети на наши актери, а втората е за театарска фотографија. Млади фотографи ќе ги фотографираат претставите кои доаѓаат, а потоа ќе има изложба.