„Нарушено производството“: Украина тврди дека ѝ нанела голем удар на Русија

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Главната разузнавачка управа на Украина тврди дека во нападот на украинските беспилотни летала врз Смоленск биле оштетени објектите каде Русија ги произведува ракетите Х-59 и затоа е нарушено производството.

Главната управа за разузнавање на Украина потврди дека на први октомври беспилотни летала ја нападнале фабриката за авиони во Смоленск и дека три од четирите беспилотни летала ја погодиле целта, пренесува „Униан“.

Според податоците на Главната управа за разузнавање на Украина, производствените капацитети на фабриката за авиони во Смоленск претрпеле значителна штета во нападот.

Министерството за одбрана на Русија вчера соопшти дека руските сили за воздушна одбрана собориле три украински беспилотни летала над регионот Смоленск.

Регионот Смоленск се наоѓа на западот на Русија.

Слични содржини