Илјадници астероиди се насочени кон Земјата, а американската вселенска агенција НАСА побара помош од останатите земји, за да се справи со проблемот, пишува Еxpress.co.uk.

Од НАСА се надеваат дека ќе успеат да ги пренасочат гигантски летачки карпи кои се придвижуваат со 55.923 милји на час.
Заедно со стотиците астероиди кои орбитират околу Земјата, научниците очекуваат дека следната година ќе откријат уште многу. А, за да се справи со зголемениот обем вселенски остатоци, НАСА почна со првата роботска мисија.
Таа ќе алармира и ќе острани дел од објект кој е опасно блиску до Земјата и ќе го пренасочи во орбитата околу Месечината.
Агенцијата ќе ја искористи идната мисија, за да ја истражува брзината на орбитата, димензиите и ротацијата на астероидот, пред да одлучат дали е можно да го пренасочи.
Мисиите за собирање на остатоци од површината на астероидот ќе бидат исполнети од роботи, додека другите мисии ќе бидат исполнети од астронаути. Агенцијата, исто така се надева дека нејзините мисии ќе дадат уште податоци за потеклото на универзумот.
“Астронаутите ќе се вратат на Земјата со далеку повеќе примероци од кога и да било, што може да придонесе за нови научни откритија за формирањето на Сончевиот систем и почетокот на животот на Земјата”, сметаат од агенцијата. Покрај тоа, од НАСА се надеваат мисиите да помогнат за подготовка за мисија до Марс.