НАСА изнесе загрижувачки податоци: 2023 година најтопла досега, ќе биде надмината до 2024

од Stefanija Kuzmanovska
376 прегледи

Јули 2023 година веројатно ќе биде најтоплиот месец во последните стотици, ако не и илјадници години, изјавија врвните научници на НАСА на тркалезната маса со новинарите, предупредувајќи дека жештините само ќе се влошуваат.

„Гледаме невидени промени ширум светот. Топлотните бранови што ги гледаме во САД, Европа, Кина уриваат температурни рекорди… тоа не е изненадување“, рече Гевин Шмит, директор на Годард Институтот за вселенски студии на НАСА.

Јуни 2023 година веќе беше најтоплиот јуни досега, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец во целина.

„Од науката знаеме дека човечките активности, првенствено емисиите на стакленички гасови, недвосмислено го предизвикуваат затоплувањето што го гледаме на нашата планета“, рече Кејт Калвин, главен научник и виш советник за климата во НАСА.

„Има 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега, но таа ќе биде надмината до 2024 година“, додава таа.

Научниците на НАСА појаснија дека податоците собрани и анализирани од Институтот Годард веќе укажуваат на тоа

„Во последните четири децении има десетгодишен пораст на температурите“, изјави Шмит.

Американската вселенска агенција последен пат забележа таков пораст на температурите во јули и август 2016 година поради супер Ел Нино во текот на зимата 2015 и 2016 година. Но, овој пат тоа не е уште еден настан сличен на Ел Нино. Топлотните бранови кои моментално се гледаат се резултат на глобалното затоплување, особено во океаните.

„Веќе многу месеци гледаме рекордни температури на површината на морето, дури и надвор од тропските предели. Предвидуваме дека тоа ќе продолжи, а причината што мислиме дека ќе продолжи е затоа што продолжуваме да ослободуваме стакленички гасови во атмосферата“, рече Шмит.

„Постои 50-50 шанси 2023 година да биде најтоплата година досега“, додава тој.

Други научници на НАСА веруваат дека има 80 отсто шанси 2023 година да биде најтоплата година.

Слични содржини