НАСА: Не сме во можност повеќе да ја посетуваме Месечината, веќе ја немаме таа технологија

од Vladimir Zorba
110 прегледи

НАСА призна дека повеќе немаат технологија за испраќање на луѓето на Месечината, тврдејќи дека истата ја „уништила пред многу години“.

Спред астронаутот на НАСА Дон Петиту, американската вселенска агенција нема средства за обнова на технологијата која ќе овозможи да се испраќаат астронаути повторно назад на Месечината.

Говорејќи на конференцијата за Вселената и иновациите во лондонскиот Музеј на науката, Петит вели дека се надева дека и другите земји ќе соработуваат и ќе помогнат да се овозможи повторно слетување на Месечината.

„Меѓународната соработка мислам дека е важна за вселенските истражувања и овозможување на креирање на технологија за истражување“, изјави тој.
„Секоја земја има различни начини на пристап на истиот проблем и кога технологијата на една земја ќе затаи, тогаш можете да се ослоните на технологијата на другата земја, за да го решите тој проблем“.

Ibtimes.co.uk известува: „Класичен пример е спејс шатлот „Колумбија“ кој изгоре во атмосферата, а вселенската постава, и понатаму се ослонува на руската Сојуз ракета. Тоа е пример каде меѓународниот аспект на вселенската станица додава робусност. Во случај кога технологијата на една држава затаи, другите земјо ќе можат да продолжат понатака и да овозможат да постапката продолжи да се движи“.

За жал, трошоците и политиката која се вклучени во вселенските патувања делуваат како пречка. „Политиката секогаш застанува на патот на големите и моќни авантури, кои исто така ги трошат финансиите на земјите“, изјави тој. „Истражувањето на вселената е скапо. Сега премногу скапо за било која самостојна земја или компанија, така да тоа морате да го работите заедно, за да го исполните планот“.

А тоа е нешто на што ESA работи. Говорејќи на конференцијата, генералниот директор Жан Воернер, изјави дека агенцијата бара да се отворат партнерствата надвор од групата од сегашните 22 држави членки.

„Европската вселенска агенција (ЕSA) е меѓународна организација“, изјави тој. „Имаме можност да ни се придружат силите на секоја држава на светот. Имаме три разнолики структури, веќе знаеме како да се носиме во соработката со земјите надвор од групата. Една од јасните причини е отворањето на повеќе партнерства, но и да се отвори повеќе партнерства во индустријата“.

Една мисија на која Петит е горд е ЕСА предлогот за село на Месечината – база на површината на Месечината, каде научниците би можеле да работат, а која исто така потенцијално ќе служи како отскочна даска за идната мисија.

„Базата на месечината, мора да се случи – тоа е следниот логичен чекор“, изјави тој. „Јас би отишол кога би можел на Месечината во наносекунда. Проблемот е тоа што немаме технологија повеќе за тоа. Ја уништивме сета досегашна и тоа беше болен процес, но мораме сето тоа повторно да го изградиме“.

НАСА во моментов работи на проекти за развој на екипажот и мисијата на Марс. Но, технологијата мора уште многу да се развива. „Одењето на Марс би требало да биде еден од следните чекори во низата кој ќе го направат луѓето. Но, првиот чекор би требало да биде патот назад на Месечината, поради бројните технолошки и истражувачки причини. Тогаш после Марс, може ќе дојдеме и до високата атмосфера на Внера, а можеби и до месецот Европа“.

Засега, меѓутоа, човечкиот екипаж во вселената останува во границите на ISSa – што се разбира, не е лошо.

https://youtu.be/bPjxXJ04XkU

Говорејќи за искуствата од таму: „За мене спиењето во бестежинско опкружување е прекрасно. Вие разбудете се наутро, и ќе се чувствувате 20 години помлади. Вие имате енергија да го промените денот“.

„Прекрасно е да ја гледате Земјата од вселената. Јас на тоа гледам низ очите на научниците, каде можете да ги видите сите видови на геолошки карактеристики. Постојат многу работи на Земјата кои не можат да се видат, ако одите по неа. Јас ја имав привилегијата да ги видам двете целосни сончеви помрачувања од орбитата. Никогаш не сум видел такво помрачување на Земјата, но од орбитата го видов два пати. Неверојатна работа е да можете да ја видите сенката на Земјата“.

И на ISSu и на Земјата, Петит стана познат по својата фотографија. Тој ја издаде книгата со своите слики годинава.