253
Новооткриен астероид со големина на олимписки базен има „мали шанси“ да се судри со Земјата за 23 години, но тоа би можело да се случи на Денот на вљубените во 2046 година, соопшти службата за одбрана на НАСА.
Астероидот има 625:1 шанси да ја погоди Земјата, врз основа на проекциите на Европската вселенска агенција, додека лабораторијата на НАСА проценила дека шансите се 560:1, пренесе Си-Ен-Ен.
Меѓутоа, вселенскиот објект, наречен „2023 DW“, е единствениот објект што НАСА го става на листата на опасности на скалата „Торино“, каде што објектите може да се рангираат од 1 до 10.