
Населението на Турција е зголемено пет пати во текот на последните 90 години, соопшти Турскиот статистички институт, цитиран од агенцијата Анадолија.
Според Институтот, првиот попис на турското население е направен во 1927 година – четири години по основањето на Република Турција.
Во 1927 година, населението на Турција било 13 милиони и 554 илјади, а во 2017 – 80 милиони и 809 илјади.
За 90 години, бројот на жените во Турција се зголемил од седум милиони до 40,3 милиони, а бројот на мажите се зголемил од 6,6 милиони до 40,5 милиони.
Според прогнози на социолозите во 2023 година населението на Турција ќе биде 86 милиони и 907 илјади лица, а во 2069 година – 107 милиони и 664 илјади луѓе.