Насер Зибери ќе го замени народен правобранител Мемети?

од Берта Китинска
352 прегледи

Кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, ќе биде назначен за Народен правобранител, објави ТВ21.

Телевизијата не добила официјална потврда од Зибери, но извори на ТВ21 посочиле дека Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети чиј мандат истекува во декември годинава.

Според Уставот, народен правобранител се бира од Собранието со 8 годишен мандат.

Актуелниот народен правобранител Иџет Мемети на оваа позиција дојде во 2004, а во 2012 мандатот му беше продолжен за уште 8 години.

Слични содржини