Базната станица за издавање патни исправи во Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Минхен успешно функционира, информираат од МНР.
Досега аплицирале 470 наши државјани, 380 патни исправи се изготвени и доставени до генералниот конзулат, а 252 веќе се подигнати. Нашата дијаспора во Минхен одава признание на брзата постапка и олеснетата процедура за добивање на патни исправи.
“Во разговор со нашите граѓани (дознаваме дека) тие ја поздравуваат оваа одлука и многу се благодарни и презадоволни што процедурата за добивање нова патна исправа не трае 6-9 месеци, туку 3-4 недели”, вели генералниот конзулот Реџеп Демири.
Денеска освен во Минхен, базните станици успешно функционираат и во Чикаго, Њу Џерси, Бон, Берлин, Берн, Љубљана, Виена и Лондон, како и мобилните станици во Стокхолм, Брисел, Мелбурн, Торонто и Венеција.