Основачот на платформата „Мета“, Марк Закерберг одговори на тренингот на сопственикот на „Твитер“, Илон Маск со легендата на ММА Жорж Сент Пјер, преку повикување на своето засилување.
Човекот кој го измисли „Фејсбук“ беше забележан како тренира со УФЦ шампионите, Израел Адесанја и нашиот Александар Волкановски, пред неговата наводна борба со Маск.
Адесанја, кој е актуелен шампион во средна категорија, објави серија фотографии на кои тој, Закерберг и Волкановски се заедно на тренинг.
Серијата слики го прикажува триото како стои на душеци и носи шорцеви за тренирање, пренесува „USA Today“.
🏆🏆🏆
No fugazi with Mark 🦈
This is Serious Business‼️ pic.twitter.com/nraS4DrvuO— Israel Adesanya (@stylebender) July 11, 2023
Прославениот Александар Волкановски пред неколку дена во разговор со своите фанови на социјалните мрежи, објави дека од таткова страна има потекло од Македонија, а дека мајка му е Гркинка.