Нашите градоначалници имаат три пати поголем рејтинг од владата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Реалноста е дека локалната самоуправа има три пати поголема доверба од граѓаните, отколку Владата. Реалноста е дека таму каде што СДС раководи општини, ништо не се реализира и ништо не се работи во интерес на граѓаните, а згора на се нема ниту отчет, велат од ВМРО-ДПМНЕ за две години локална власт на градоначалниците од нивните редови.

Според најголемата опозициска партија, општините каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се казнувани од страна на централната власт со кратење на средства и опструкции на проекти.

-Реалноста е дека градоначалникот Рамиз Мерко, кој што СДС го поддржа, е единствениот градоначалник од Македонија кој е на црната листа на САД заради мешање во судството и заради корупција и за тоа нема никаква одговорност, порачаа меѓу другото од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владеачката СДСМ истакнаа дека ДПМНЕ ги изневери граѓаните, односно дека нема проекти, ниту резултати.

Слични содржини