Нашите градоначалници работат и ги решаваат проблемите на граѓаните, велат од Белата палата

од Vladimir Zorba

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат и ги решаваат проблемите на граѓаните, СДСМ создаваше проблеми. За неполн месец колку што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ на чело на општините се откочија голем број на проекти и работи кои СДСМ не можат да ги реализираат цел мандат. 4 години додека беа тие ништо не се работеше и тоа е факт кој граѓаните го гледаа“, реагираат од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Васев.

„Наместо на капитални инвестиции се трошеа пари за непродуктивни набавки. Нема повеќе клупи од 300 и 500 евра во Аеродром како што имаше со СДСМ, ниту возила се плаќаат двојно поскапо како што плаќаше Шилегов.

Во Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Перров градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ една недела го чистеа ѓубрето кое тие од СДСМ претходно го оставиле.

Во Гази Баба и Илинден се работи забрзано.

Градоначалникот на Штип и Охрид исто така работат и прават проекти за своите средини.

Секој еден градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ е на терен со народот. Ги слуша и ги решава нивните проблеми.

Посветеноста и проектите се наша одлика и граѓаните ќе сведочат за разликата со СДСМ“, додаваат оттаму.

Слични содржини