Демонстрациите во близина на родниот град на убиениот претседател Жовенел Моиз се претворија во насилни во пресрет на неговиот погреб.
Новинарите на „Асошиејтед Прес“, како што тврдат, виделе тело на еден човек за кого очевидци велат дека тој бил убиен во заедницата Картие-Моран, во близина на Труј ду Нора, каде што е роден Моиз.
Поставени се блокади на патиштата меѓу двете заедници, а на автомобилите привремено им е забранет влез и излез, додека во близина се креваат два облаци со густ црн чад.
Многу работници, во една линија, забрзано чекореле по главниот пат што ги поврзува Картие-Моран со Кап-Хаитиен, градот каде што денес треба да започнат настаните организирани во чест на Моиз, во пресрет на неговиот погреб.
Луѓето кои бегале тврдат дека виделе запалени гуми и мажи со оружје кои барале правда за Моиз.
Ова се први насилни демонстрации откако Моиз беше застрелан на 7 јули во неговата приватна резиденција.