„Насилство во Центар“: Јанакиевски бара да сведочи Агатангел, тврди дека ВМРО-ДПМНЕ не го организирале протестот пред Општината

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Обвинетиот во случајот „Насилство во Центар“, Миле Јанакиески денеска побара дополнување на доказната постапка и во случајот да сведочи владиката Агатангел.

Јанакиевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не била организатор на протестот и дека Агатангел бил тој кој јавно повикувал на протести за изградбата на црквата.

Екс министерот побара од судот да ги повика да сведочат и Ивица Коневски, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер. Додаде дека неговите адвокати предложиле 15 сведоци, а не бил прифатен ниту еден.

Адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов, соопшти дека неговиот клиент бил прислушуван од 2012 до 2015 година, но снимките кои од Обвинителството биле предложени како доказ не биле целосни, туку извадени од контекст. Миланов побара записник од предавањето на бомбите во СЈО, а таков попис бил доказ во делото „Таргет-Тврдина“, по што судијата му го одзеде зборот, бидејќи се осврнувал на елементи надвор од постапката.

Одбраната бара како доказ да се изведе и прислушуваниот разговор за случајот кој подоцна бил објавен а не е дел од доказната постапка, бидејќи како што сметаат адвокатите, тој разговор фрлал друго светло врз судскиот процес.

За насилството во општина Центар се обвинети поранешниот премиер и бегалец, Никола Груевски, Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други учесници на протестите во 2013 година.