Наскоро ќе започне скринингот во училиштата, ќе се бара согласност од родителите

од Берта Китинска
256 прегледи

Скринигот во основните и средните училиштата низ земјава ќе може да се спроведе за десетина ден, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

-Според првичните проценки  за да се направи  скринингот ќе бидат потребни  40.000 до 50.000 тестови.Имавме  сосотнок со МОН се работи на тоа како ќе се одвива тестирање.Процесот ќе се спроведе низ целата земја, ќе се бара и согласност од родителите  и понатаму ќе ја презентираме методологијата, вели Филипче.

Според подаротците најголем дел од младите вирусот Ковид-19 го поминуваат без симптоми, па според тоа истите се препознаени како трансмитери на вирусот.

Слични содржини