Наскоро роботи ке косат трева по Америка

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Американските потрошувачи се поблиску до иднината во која за тревниците и градините ќе се грижат роботи, откако регулаторната комисија го одобри барањето на компанијата „Ајробот“ за продажба на роботска косилка.

ajrobot-540x320

Компанијата „Ајробот“, која е позната по автоматизираната правосмукалка „Ромбо“, дизајнира роботска косилка која по безжичен пат се поврзува со антени кои ја означуваат површина што треба да се коси.

Токму поради овие антени, високи 60 сантиметри, и беше потребно одобрение од Федералната комисија за комуникација, бидејќи постоеше загриженост дека нивниот сигнал ќе се меша со приемот и преносот на податоци на уредите кои ги користат истите фрефквенции.