Наскоро со нов етички кодекс ќе се казнува непримерното однесување на пратениците

од desk4
301 прегледи

Се финализира етичкиот кодекс и упатството за негова примена, велат собраниски извори за „Локално“.

Со негово донесување се очекува да се наметнат норми и однесување на народните избраници на пленарние и комисиски седници, да се постигне отчетност, транспарентност и одговорно користење на јавните средства и ресурси, но да се спречи и корупцијата и судирот на интереси меѓу народните избраници.

Пратениците, ги разгледуваат и најдобри механизми за обезбедување примена на етичкиот кодекс. За таа цел Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ОДИХР и Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), пред два дена одржаа Работилницата за финализација на етичкиот кодекс и упатството за примена на етичкиот кодекс. Во Работилницата учествуваа и заменик-членовите на Комисијата за мандатно имунитетни прашања, но и други пратеници и претставници на службата на Собранието, како и експерти од областа на етиката.

Инаку новата верзија на Кодексот за етично однесување предвидува суспензија и до три месеци како дисциплинска мерка на пратерник во работата на собранието доколку станува збор за погруби прекршувања.

Покрај суспензијата се предвидуваат и други санкции во зависност од тоа дали се работи за поблаги или погруби прекршувања како и одбивање на 5 % од платата и до 6 месеци.

Дел од измените во етичкиот кодекс предвидуваат и поголема отчетност. Така на пример во Членот 1 се наведува:

– Пратеник при вршење на својата функција не смее да се раководи од лични смејни верски политички и етички интереси партиски притисоци и ветувања.

– Не смее да прима или бара корист за извршување на своите должности.

– Не смее да ги злоупотребува правата кои произлегуваат од извршување на надлежностите како и да прима награда или друга корист за вршење на работите.

Доколку постои сомневање за судир на интереси пратеникот исто така е дложен да ја консултира и ДКСК Измените дозволуваат примање на дарови од странски држави за одредени заслуги но да не ја надминува сумата од 100 евра во денарска противредност.
Кодексот за етичко однесување на пратениците беше донесен пред околу три години на 11 јуни 2018тата.

Б.Т.