Наскоро во Белград: Авион на Ер Србија со ликот на Никола Тесла

од Nikola Popovski

Новиот авион на Ер Србија Ербас А330, кој ќе лета кон Њујорк под името Никола Тесла и со ликот на познатиот српски научник, треба да стигне на аеродромот Никола Тесла во Белград во сабота, на 24 април.

По тој повод, Ер Србија објави дека патничкиот авион со широка форма бил фарбан осум дена во три смени во кои имало по околу 10 лица.

Според компанијата, авионото не случајно бил избран да лета за Њујорк, туку токму затоа што Тесла поминал и поголем дел од животот во овој американски град.

Концептот на новото мени е инспириран од исхраната на Никола Тесла, па затоа менито за патници во економската и бизнис класата е инспирирано од детството на Тесла, студентските денови и престојот во Њујорк, се наведува во соопштението.

Слични содржини