Наследничката на престолот во Шведска и нејзиниот сопруг позитивни на корона

од Stefanija Kuzmanovska

Наследничката на престолот во Шведска, Викторија и нејзиниот сопруг Даниел се позитивни на коронавирусот, соопшти денеска шведскиот двор.

Тие имаат благи симптоми, но се чувствуваат добро со оглед на околностите, објави шведскиот двор, објави „Ројтерс“.

Како наследничка на престолот, Викторија, која има 40 години, е прва во редот за наследство на шведскиот трон на кој се наоѓа нејзиниот татко, кралот Карл XIV Густаф.

Слични содржини