
Новиот лидер на Лабуристичката партија на Велика Британија ќе биде објавен на 4 април, соопштија од раководството на партијата, цитирани од британските медиуми.
Со одлуката, партијата започнува тримесечна битка за раководното место. Кампањата за наследник ќе започне утре. Гласањето ќе се одржи помеѓу 21 февруари и 2 април, соопшти Националниот извршен комитет.
Фаворити за постот се Киер Стармер, Ребека Лонг-Бејли, Џес Филипс, Лиса Нанди, Клајв Луис и Емили Торнбери.
Британците можат да учествуваат во изборот на лидер доколку се приклучат на Лабуристичката партија до следната недела или ако платат 25 фунти за да се регистрираат само за гласање.
Прозорецот од 48 часа ќе им овозможи на луѓето да се вклучат како „регистрирани поддржувачи“ со право на глас.