275
Претседателот Стево Пендаровски присуствувал на првата самостојна изложба на младата Вероника Љоровска.
Љоровска, која е втора година на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет, според програмата за лица со специјални потреби, на вратоврската на претседателот Пендаровски насликала македонско сонце.
-Нејзиниот ентузијазам, креативност и желба за усовршување, се двигател кој не дозволува физичката попреченост да ѝ биде препрека во остварување на нејзините соништа. Честитки за првата изложба на Вероника, ѝ посакувам многу успеси во иднина!, посакал претседателот.