Насрала убиен откако се согласил на прекин на огнот? Шокантни тврдења од Либан

од Nikola Popovski
47 прегледи

Либанскиот министер за надворешни работи Абдала Бу Хабиб во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека поранешниот лидер на Хезболах Хасан Насрала е убиен веднаш откако се согласил на привремен прекин на огнот со Израел.

Примирјето, кое вклучуваше 21 ден, беше предложено од САД, Франција и другите сојузници, наведува Си-Ен-Ен.

„Тие ни рекоа дека г-дин Нетанјаху се согласил на ова и така добивме согласност од Хезболах за ова и знаете што се случи оттогаш“, изјавил Хабиб за Си-Ен-Ен.

Како што додал во интервјуто, Либан се согласил на прекин на огнот преку преговори со Хезболах и за тоа ги информирале Американците и Французите.

И други либански официјални лица зборуваат за истото.

„Хезболах ја потпиша оваа заедничка изјава што беше објавена во која повикува на прекин на огнот, 21-дневен прекин на огнот, и веднаш откако почна да бара дипломатско решение според резолуцијата на Советот за безбедност“, изјавил амбасадорот Рами Мортада за Би-Би-Си.

„Бевме на вистинскиот пат обидувајќи се да разговараме за дипломатска алтернатива на сегашниот ќорсокак, но загреаните глави во Израел избраа поинаков пат“, додал тој.

Слични содржини