Настава од среда: Објавен план и мерки за враќање на учениците во белградското училиште „Владислав Рибникар“

од Nikola Popovski
270 прегледи

Српското Министерство за образование, Министерство за здравство, УНИЦЕФ, Тимот за интервенција во психолошка криза во заедницата, Филозофскиот факултет, Друштвото на психолози на Србија, Училишниот тим за кризни ситуации и вработените во ОУ „Владислав Рибникар“ подготвиле План за интервенција во кризи.

Планот, како што соопшти тамошното Министерство за образование, предвидува организирано обезбедување професионална индивидуална и групна поддршка на вработените, децата и родителите, организирано враќање и подготовка на децата за враќање во училиштето.

Организирана професионална, индивидуална и групна поддршка, како што се наведува, започнала вчера и во наредниот период ќе ја пружат психијатри и психолози од Институтот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија, Друштвото на психолози, во термини што ќе им бидат доставени на родителите.

Формиран е Училишен тим за интервенција во кризи кој ќе го организира враќањето на учениците на училиште и ќе ги информира родителите за деталите преку редовни канали за комуникација. Со цел да се подготват учениците за враќање на наставата, ќе се одржат состаноци на Советот на родители, Советот на наставници и родителски средби со родителите на учениците од паралелките кои беа најдиректно нападнати, информираат од Министерството за образование.

Учениците се враќаат на настава од среда

Како што беше најавено, учениците ќе се вратат на настава следната недела, во циклуси, почнувајќи од среда, 10 мај. Од понеделник, 8 мај и секој нареден ден, ќе се организира прием, односно продолжен престој за учениците од прво до четврто одделение.

Планот за активности ќе биде приспособен на потребите во текот на неделата, а Министерството за образование и Министерството за здравство ќе му дадат советодавна и стручна поддршка на училиштето.

Тамошното Министерство за образование и ОУ „Владислав Рибикар“ бараат од медиумите разбирање и поддршка за учениците кои преживеале ваква тешка траума сите заедно да обезбедат простор за мирно враќање во училиштето и закрепнување.

Слични содржини