Наставничка од училиште во Аеродром меѓу уапсените дилери на амфетамини

од Nikola Popovski
217 прегледи

Утрово примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“, сподели градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Наставничката е уапсена после вчерашната голема полициска акција во Скопје при што приведена е поголема група улични дилери на дрога.

-Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со било каква нелегална активност која е во спротивност со законот, додаде Муцунски.

Полициската акција се однесувала на сузбивање група дилери осомничени за дистрибуција на амфетамини. МВР се очекува денеска да излезе со повеќе детали.

Слични содржини