Општинското државно обвинителство во Вараждин по спроведена истрага поднесе обвинителен акт против 43-годишен наставник кој со години сексуално експлоатирал ученички.
Некои жртви биле на возраст под 15 години.
Во два наврати имал сексуални односи со ученички, а за да ги потчини ја искористил својата положба во училиштето. Еднаш извршил развратни дела, а против него се поднесени вкупно девет кривични пријави.
Во обвинението, 43-годишниот обвинет се товари дека горенаведените кривични дела ги сторил од 2011 до 2016 година во Вараждин и Пула како вработен во образовна установа на штета на ученички во таа институција.
Обвинетиот бил во истражен притвор, а советот на Општинскиот суд во Вараждин го прифатил предлогот на државното обвинителство од обвинителниот акт и му го продолжил притворот поради опасност од повторување на кривичните дела.
Меѓутоа, советот на Жупанискиот суд во Вараждин, по жалбата на обвинетиот, го укина притворот и на обвинетиот му определи мерки на претпазливост, забрана за приближување до жртвите, забрана за воспоставување или одржување врска со нив и забрана за од вршење на работните задачи како наставник“, соопшти ДОРХ.
За делата за кои се товари му се заканува казна затвор до 10 години, пишува Индекс.