10
Наставник нападнал ученик со пластичен предмет, информираа од Охридската полиција.
-На 04.11.2024 во 10:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека наставник во едно основно училиште во Охрид, со пластичен предмет нападнал ученик во училиштето, појаснуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.