Наставникот од „Исмаил Ќемали“: Учениците кои загинаа во несреќата сакаа да се прошетаат во Истанбул

од Берта Китинска
399 прегледи

Учениците во ОУ „Исмаил Ќемали“ излегоа на марш во Скопје.

Тие велат дека сакаат да се потсетат на своите другари, пет од ова училиште, кои ги загубија животите во страшната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Наставникот Метуш Мемеди, кој предава во ОУ „Исмаил Ќемали“  истакна дека загубата на 5 ученици од ова училиште е еден од најтешките настани за нив.

„Меѓу 45-те загинати во несреќата имаме и 5 ученици од нашето училиште „Исмаил Ќемали“. Ова многу не вознемири. 2 ученика се од 9-то одделение, еден ученик е од  осмо одделение, ученик шесто одделение и едно мало девојче кое беше второ одделение.Децата беа многу интелигентни, сакаа да се прошетаат во Истанбул“, рече наставникот Мемеди.

Учениците  откако го завршија маршот на плоштадот „Скендербег“  положија цвеќиња.

Слични содржини