Наташа Беквалац објави емотивна порака за роденденот на нејзината ќерка

од Stefanija Kuzmanovska

Среќен 14-ти роденден љубов моја. Кога те родив, се родив и јас. Ти си најдобрата ќерка на планетата, горда сум на секој твој чекор и во каква девојка растеш. Храбра, бестрашна, паметна и убава, ти си сето тоа сине мој“, ѝ го честиташе роденденот Наташа Беквалац на својата постара ќерка.

Денес, Наташа Беквалац го одбележа 14-от роденден на нејзината ќерка Хана, која ја доби во бракот со славниот ватерполист Данило Икодиновиќ. Поради мерките на претпазливост кои стапија на сила денес во Србија поради коронавирусот, пејачката организираше интимна забава во својот стан во Белград.

Имајќи предвид дека Беквалац е многу приврзана за нејзината постара ќерка, со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на Инстаграм, објавувајќи заеднички фотографии.

Слични содржини