Таксист доцна синоќа бил физички нападнат во Центар, откако одбил да превезе повеќе лица од дозволеното.
-На 10.04.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје, Љ.Б.(54) од Скопје пријави дека околу 01:30 часот на подрачјето на Центар, откако одбил да превезе повеќе лица од дозволеното во неговото такси возило, бил физички нападнат од едно лице, кое му го оштетило и мобилниот телефон, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.