
Што ќе се случи во војна меѓу двајца силни соседи – Русија и Кина? Двете земји имаат силни армии, модерно оружје, вклучувајќи и нуклеарно оружје.
Експертот Кајл Мизоками за National Interest го наведува оружјето коешто Русија може да го користи во хипотетичната војна против Кина, пишува Lenta.ru.
На листата на експертот влегуваат создадените во Русија борбени летала од петата генерација Су-57, стратешкиот авион на ракети Ту-95, суперсоничниот стратешки авион Ту-160, повеќе наменскиот борбен авион од четвртата генерација Су-35 и тенкови Т-14 „Армата“.
Според авторот, кинеската армија нема слично, освен неодамнешните борбени авиони Су-35 со кои ги снабдува Русија.
Експертот истакна дека предноста на Русија е тоа што нејзината армија има богато искуство со учество во борбени операции во Авганистан, Чеченија, Грузија и Сирија.
Армијата на КНР последен пат беше активирана во 1979 година за време на кинеско-виетнамската војна. Како слабо место во Русија, Мизоками ја смета економијата и географијата.
Според него, Русија едвај ќе обезбеди истовремено присуство на трупи во европските и азиските делови на државата, но Кина едвај ќе може да се движи подалеку од Урал. Во исто време, Мизоками забележува дека во блиска иднина тешко дека ќе има воен конфликт меѓу Русија и Кина.