159
НАТО денеска ги поздрави напорите преземени за деескалација на тензиите на северот на Косово, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.
„Очекуваме сите страни да ги почитуваат своите обврски. КФОР внимателно ја следи ситуацијата и ќе биде подготвен да интервенира доколку е потребно, во согласност со неговиот мандат на ОН за да се овозможи слобода на движење“, наведе Лунгеску на Твитер.