106
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска соопшти дека го поздравува телефонскиот разговор меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Владимир Зеленски, но изјави дека тоа не го менува фактот дека Кина се уште не го осудила рускиот напад врз Украина.
Кинескиот претседател разговараше со Зеленски во средата, првпат од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари минатата година, исполнувајќи ја целта на Киев, кој претходно со месеци бараше разговори, наведе „Ројтерс“.