НАТО испраќа уште војници на Западен Балкан? Се огласи Столтенберг

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Актуелни безбедносни предизвици, војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток – ова се темите на дводневниот самит на НАТО.

НАТО е загрижен за ситуацијата на Западен Балкан. Самитот не ни започна, а Алијансата веќе најавува зголемување на бројот на војници.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги спомена настаните на северот на Косово, но и во Босна и Херцеговина.

„Видовме сериозно насилство на северот на Косово, сецесионистичка и поделена реторика во Босна и Херцеговина и малигни обиди за предизвикување раздор, вклучително и од Русија. Заедно со високиот претставник на ЕУ, ќе разговараме за начините за стабилност во регионот. НАТО веќе го зголеми своето присуство на Косово за дополнителни илјада војници.

Размислуваме и за потрајно зголемување на нашето присуство. Белград и Приштина мора да се вратат на дијалогот под покровителство на ЕУ. Стабилноста зависи од тоа сите страни да изберат дијалог и дипломатија наместо конфликт и хаос“, рече Столтенберг.

Да потсетиме, Столтенберг неодамна ја посети Босна и Херцеговина каде се сретна со членовите на Претседателството на БиХ, високиот претставник, делегацијата на Советот на министри и други претставници на БиХ.

Слични содржини