НАТО: Итен состанок во врска со труењето на Навални

од Vladimir Zorba
187 прегледи

НАТО објави дека ќе одржи специјален состанок во петок во врска со труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Северноатлантскиот совет ќе се состане во 12:30 часот по Брисел, по што генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе се обрати пред печатот, пренесува Танјуг.

На состанокот ќе се разговара за труењето на рускиот опозициски лидер со отровот „Новичок“, што го потврдија лекарите во Берлин.

Нервниот агенс „Новичок“ беше употребен и против поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солсбери две години порано.

Случајот, кој претставува прва употреба на хемиско оружје во Европа по Втората светска војна, го натера НАТО да протера седум руски дипломати како одмазда.

Слични содржини