Унгарскиот информативен сајт Karpathir.com објави неколку фотографии на кои е снимена воена техника слична на таква на НАТО. Воениот конвој е снимен на унгарско-украинската граница, соопштуваат руските медиуми.
Воените возила биле наредени во редица во унгарскиот пограничен град Захон, Источна Унгарија, во вторникот попладне, вклучувајќи и “Хамер” и повеќенаменски варијанти на логистички камиони HEMTT на американската армија, од кои некои со церада врз товарот.
Граничната полиција одби да коментира за возилата.
Градот Захон се наоѓа на североисточниот унгарска граница со Украина, има патишта и железница, кои го поврзуваат со западно-украинскиот пограничен град Чоп.
