НАТО почна големи воени вежби во Балтикот и Полска

од desk3
86 прегледи

НАТО започна големи меѓународни вежби во Балтикот и Полска, објавија светските агенции.

british-army

Во трите балтички земји и Полска се одржуваат вежбите “Сајбер напад 2015” (Saber Strike 2015), во кои учествуваат околу 6 илјади војници од 13 земји од Алијансата и партнери.

Поголемиот дел е концентрирана во Литванија. Над 3 илјади војници од балтичка држава, од НАТО и партнерите ќе тренираат во земјата. Вежбите ќе продолжат во две фази до 19 јуни – првата е теренска подготовка, а втората е поврзана со вежбите на командниот центар на бригадата со употреба на компјутеризирани симулатори.

Целта на организираните од САД вежбите е да се развие и подобри соработката во планирањето и спроведувањето на воени операции, подобрување на професионализмот на војниците и одработување на нови активности во земјите-домаќини, истакнува Министерството за одбрана на Литванија.

Во вежбите ќе учествуваат единици на Литванија, Латвија, Естонија, Полска, САД, Велика Британија, Финска, Данска, Германија, Франција, Италија, Португалија, Унгарија, Словачка, Хрватска, Норвешка и Канада.