НАТО предупреди на отворен конфликт со Русија во следните 20 години

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Цивилите мора да се подготват за сеопфатна војна со Русија во следните 20 години, предупреди денеска претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер и додаде дека, покрај вооружените сили, ќе има и голем број цивили мобилизирани и дека на владите им останува да воспостават системи за управување со тој процес, пренесува британскиот весник Телеграф.

„Мораме да разбереме дека мирот не е загарантиран. И затоа ние (НАТО) се подготвуваме за конфликт со Русија. Но, дискусијата е многу поширока. Воено-индустриската база и народот треба да разберат дека играат улога “, рече Бауер и предупреди дека работите нема да бидат „добри“ во следните 20 години.

Околу 90.000 војници на НАТО следната недела ќе ја започнат најголемата воена вежба на блокот од Студената војна, јавуваат светските агенции.